Втор пораз на македонските млади ракометарки на Европското првенство во Црна Гора
- Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија го пртрпе и вториот пораз на Европското првенство во Црна Гора
Подгорица, 10.јули 2025 (МИА) - Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија го пртрпе и вториот пораз на Европското првенство во Црна Гора. Поуспешна од Македонија денеска беше репрезентацијата на Полска со 28:18 (11:8).
Од самиот почеток на натпреварот македонските ракометарки беа во негатива, Полска поведе со 8:2, а потоа и со 11:4 за највисоки +7 во првиот дел. До крајот на првото полувреме избраничките на селекторот Симе Симевски направија серија од четири голови и на полувреме беше 11:8 за Полска.
Во вториот дел ривалките успеаја да го зголемат водството и кон средината на полувремето предноста беше двоцифрена 25:15.
Со четири голови Анастасија Трпеска беше најефикасна кај Македонија, а кај Полска Зузана Зимничка постигна шест голови.
Утре на првенството е слободен ден, а во сабота Македонија игра против Чешка. мн/
Фото: Фејсбук РФМ