Втор пораз на македонските кошаркари во олимписките претквалификации
- Македонската кошаркарска репрезентација ги загуби шансите за настап на Олимписките игри 2024 во Париз, откако вечерва беше совладана од Естонија со 83-59 и го претрпе вториот пораз на претквалификацискиот турнир во Талин.
Талин, 13 август 2023 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација ги загуби шансите за настап на Олимписките игри 2024 во Париз, откако вечерва беше совладана од Естонија со 83-59 и го претрпе вториот пораз на претквалификацискиот турнир во Талин.
По вчерашниот висок пораз од Израел во воведното коло, избраниците на селекторот Александар Јовчевски беа пред императив да го победат домаќинот Естонија за да ги продолжат квалификациите за пласман на Олимпијадата идната година.
Сепак, црвено - жолто катастрофално го почнаа натпреварот, постигнувајќи само седум поени во првата четвртина, а веќе на полувреме беа во двоцифрена негатива од 44-22.
Најефикасен во македонскиот состав беше Војдан Стојановски со 12 поени, еден повеќе од Ти Џеј Ширтс.
Настапот на олимпискиот претквалификациски турнир во естонската престолнина македонските кошаркари ќе го заокружат во вторник против Чешка, која претходно денеска загуби од Израел со 80-67. ег/аа/
ФОТО: КФСМ