• среда, 26 јуни 2024

Втор пораз на кошаркарките на Бадел 1862 во Јадранската лига

Втор пораз на кошаркарките на Бадел 1862 во Јадранската лига
Скопје, 6 октомври 2021 (МИА) – Екипата на Бадел 1862 го претрпе и вториот пораз во Јадранската лига, откако вечерва загуби во Скопје од словенечкиот претставник Цинкарна Цеље со 92:59 (49:28) во рамки на 2. коло во групата Б. Нена Трајчевска со 19 поени беше најефикасна во редовите на македонскиот тим, кој во првото коло, исто така, на домашен терен загуби минатата недела од Монтана од Бугарија со 77:74. Противник на Бадел 1863 во рамки на 3. коло во групата Б ќе биде босанската екипа Бановичи идната недела на гостински терен.ег/свс/

Остани поврзан