• понеделник, 23 декември 2024

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

17 април 2024 

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот  „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“, финансиран од Европската унија, објави Втор повик за финансиска поддршка за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.

Крајниот рок за достава на пријавите за грант е 22 април 2024, 16:00 часот по локално време.

Вкупниот индикативен износ на инвестициските акции поддржани во рамките на овој повик за поднесување финансиска поддршка е 11.747.423 денари. Секоја инвестициска акција во рамките на овој повик за финансиска поддршка мора да се движи помеѓу следниот минимален и максимален износ:

минимален износ: 1.230.000 денари
максимален износ: 2.460.000 денари.

Деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги преземете подолу:

Повик за финансиска поддршка / Водич за подносители на пријави за грант

Обрасци за поднесување пријава:

Прилог А – Образец: Пријава
Прилог Б – Образец: Буџет
Повик за финансиска поддршка/Водич за подносители на пријави за грант (албански).

Проектот „АгроСмарт - Развој на модерно и одржливо земјоделство“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од МРФП во партнерство со Хемера и ЦЕП Можности.

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП)

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан