• петок, 04 октомври 2024

Панел дискусија за вмрежување на млади претприемачи од Балканот во Скопје

Панел дискусија за вмрежување на млади претприемачи од Балканот во Скопје

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Во Скопје по вторпат ќе се одржи настанот за вмрежување „Your network is your net worth“. Иницијативата ги спојува забавата и едукацијата, а акцентот е ставен на креирање нови деловни врски и можности за соработка меѓу младите претприемачи од Балканот, информираат од Унијата на млади претприемачи „Phoenix rising“, организатор на настанот од државава, како дел од проектот „Balkan entrepreneur bridge“, во соработка со униите на млади претприемачи од Црна Гора и Србија.

Меѓу програмските активности се панел-дискусија за можностите на младите претприемачи во балканскиот регион и значењето на регионалната соработка, театарски перформанс, музика, забава. бд/са/

Фото: Унија на млади претприемачи „Phoenix rising“

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан