• среда, 13 ноември 2024

Вториот Преспа форум за дијалог се планира во јуни

Вториот Преспа форум за дијалог се планира во јуни
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Владата на денешната седница го разгледа и прифати Извештајот за првата меѓународна конференција во рамки на проектот Преспа форум за дијалог, и го задолжи Министерството за надворешни работи да ги спроведе сите активности за организирање на втората меѓународна конференција Преспа форум за дијалог во текот на 2022 година.Како што информираат од владината прес-служба, вториот Преспа форум за дијалог начелно се планира да биде одржан, во форма на меѓународна конференција, во Охрид, во јуни 2022 година со учество на највисоките политички претставници на државата, на претседатели на држави или влади, политичари и дипломати од висок ранг од државите од регионот и од други европски и воневропски држави, како и на претставници на меѓународни и регионални организации - ООН, ЕУ, НАТО, Советот на Европа, ОБСЕ, Советот за регионална соработка, ЦЕИ и други.На предвидените панели предвидено е присуство и на видни личности од академската, бизнис и медиумската заедница, граѓанскиот сектор и младинските организации.На денешната седница, како што се посочува, е разгледан и усвоен усогласениот текст на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за основање на Културно-информативни центри во Скопје и во Белград која треба да ја потпише министерот за надворешни работи, Бујар Османи. вг/цр

Остани поврзан