• недела, 22 декември 2024

Втора фестивалска вечер на „Макфест“

Втора фестивалска вечер на „Макфест“
Штип, 22 октомври 2022 (МИА) - Осумнаесет песни ќе бидат испеани вечерва на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. Публиката ќе слушне 12 нови песни, а шест се од синоќешната вечер, за чиј влез на оваа фестивалска вечер гласаа жири комисија и публиката. Ревијалната вечер на „Макфест“ почнува со песната „Con el diablo“ на Мелани Тарчуловска, а завршува со „Омилен“ на Марија Спасовска. Публиката ќе ужива и во новите рефрени на Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Ален Исламовиќ, Викторија Лоба, 2Бона, Мартинијан Кириловски. Иако годинава фестивалот нема натпреварувачки карактер, сепак по должината на аплаузите на публиката ќе се знае, која песна ќе се слуша и ќе стане најпеана. И вечерва  водители на фестивалската вечер се професионалните, шармантни и забавни Маријана Стојановска и Димитар Атанасовски. Награди годинава ќе нема, но останува традицијата за сечење на фестивалската торта.вдј/цр

Остани поврзан