• понеделник, 23 декември 2024

Втора седница на Советот за национална безбедност на Албанија поради епидемијата со новиот коронавирусот

Втора седница на Советот за национална безбедност на Албанија поради епидемијата со новиот коронавирусот
Тирана, 15 април 2020 (МИА) -  Советот за национална безбедност на Албанија вечерва преку конференциска врска ја одржа втората седница по појавата на Ковид-19 во земјата. На седницата што ја свика претседателот Илир Мета учествуваа претседателот на Собранието, Грамоз Ручи, премиерот Еди Рама, министрите на значајните ресори, претседателот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, како и повеќе советници на Мета. Главни теми на кои се дискутираше се проценката на тековната состојба со пандемијата, мерките што се преземаат за справување со економските и социјалните последици, текот на воспитно-образовниот процес и стратегијата планирана за крајот на учебната 2019-2020 година, како и предложените измени во Кривичниот законик. Премиерот Рама и министрите информираа за преземените мерки за справување со здравствената и социо-економската криза, како и за понатамошното управување со состојбите. Собранискиот спикер, Ручи ја потенцира заложбата за исполнување на обврските на Собранието во актуелната ситуација. Лидерот на Демократската партија, Баша ги презентираше ставовите и предлозите на опозицијата за надминување на пандемијатас со што можно полесни последици за граѓаните и економијата во земјата. Претседателот Мета ја оцени важноста на зголемувањето на ефикасноста на мерките, преку свесност, транспарентност, сеопфатност и зголемување на духот на соработка, бидејќи „заедничка главна цел е да се заштити здравјето на граѓаните, националната економија и заокружувањето на учебната година“. Првата седница на Националниот совет за безбедност за состојбата предизвика од новиот коронавирус Мета ја одржа на 25 март, откако претходно, истиот ден Владата  прогласи вонредна состојба поради „природна катастрофа“ на целата територија на Албанија во период од 30 дена. вт/ми/

Остани поврзан