• понеделник, 23 декември 2024

Втора планинарска акција „Клепа 2022”

Втора планинарска акција „Клепа 2022”
Велес, 8 мај 2022 (МИА) - Во организација на Планинарското спортско друштво „Клепа” од Градско изутринава од село Подлес стартува втората планинарска акција „Клепа 2022,” од каде учесниците се упатија кон врвот Клепа на 1150м надморска височина. Од таму учесниците ќе се упатат надолу кон селото Двориште, а од таму ќе продолжат кон манастирот „Св. Архангел Михаил”, каде е зборното место и на сите учесници и ќе им биде поделен бесплатен ручек . Како што информира за МИА Петре Лазовски од ПСД „Клепа” пријавени се околу стотина учесници од повеќе градови: Градско, Велес, Струмица,Скопје, Доран, Кавадарци, Неготино, Росоман и Прилеп. Тој информира дека патеката е долга 17км и е од средна категорија и е наменета за реакреативци . Инаку селото Подлес е со богато историско минато, со значајни дејци и интересни стари куќи, а во близина е и Подлешкото Езеро, кое општина Градско последниве години го уредува и тоа се повеќе прераснува во реакреативно- туристички центар. Планинарската акција „Клепа 2022” финансиски ја подржува општина Градско и повеќе фирми-спонзори. ад/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан