• петок, 22 ноември 2024

Врховниот суд на САД го отфрли барањето за дисквалификација на Трамп од претседателските избори

Врховниот суд на САД го отфрли барањето за дисквалификација на Трамп од претседателските избори

Вашингтон, 2 октомври 2023 (МИА) - Врховниот суд на САД денеска го отфрли случајот со кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година, врз основа на уставната одредба која забранува секој што „учествувал во бунт“ да извршува јавна функција.

Судиите ја отфрлија жалбата на Џон Ентони Кастро, даночен консултант од Тексас, кој побара Трамп, во рамките на 14-тиот амандман на американскиот Устав, да биде дисквалификуван како кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија.

Во својата тужба, Кастро наведува дека Трамп, со своите постапки за време на немирите и нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, учествувал во бунт со неговите поддржувачи. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан