• недела, 22 декември 2024

Врховниот суд на Мичиген одлучи Роберт Кенеди помладиот да остане на гласачкото ливче во оваа сојузна држава

Врховниот суд на Мичиген одлучи Роберт Кенеди помладиот да остане на гласачкото ливче во оваа сојузна држава

Вашингтон, 10 септември 2024 (МИА) - Врховниот суд во американската сојузна држава Мичиген денеска пресуди дека Роберт Кенеди помладиот да остане кандидат на претседателските избори во оваа држава и покрај неговата одлука да се повлече.

Кенеди Јуниор минатиот месец се откажа од претседателската трката во која учествуваше како независен кандидат и веднаш го поддржа републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп, кој се натпреварува против демократската претседателска кандидатка Камала Харис.

Британските медиуми пренесуваат дека неговото учество на изборите во Мичиген, политички многу поделена држава,  може да му наштети на Трамп.

Со одлуката на Врховниот суд се поништи претходната одлука на  Апелацискиот суд, што дозволи името на Кенеди да се повлече од гласачкото ливче.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан