• петок, 22 ноември 2024

Врховниот суд на Бразил забрани полициски рации во фавелите

Врховниот суд на Бразил забрани полициски рации во фавелите
Рио де Женеиро, 6 јуни 2020 (МИА) - Врховниот суд на Бразил забрани упади на полициските сили во фавелите во Рио де Жeнеиро за време на пандемијата на коронавирусот после јавните критики и поплаки за смртоносни полициски рации. За време на кризата со коронавирусот, не се дозволени полициски рации во сиромашните населби, освен во итни случаи и со претходна дозвола на обвинителството, пресуди судијата на Врховниот суд на Бразил, Едисон Фачин. Тој го наведе убиството на 14-годишниот црнец, Жоао Педро Матос Пинто кој за време на рација во јануари беше убиен од припадници на сојузната полиција. Момчето загинало играјќи се со другарите во соседството, откако полицијата фрлила граната и отворила оган врз една куќа. На ѕидовите, прозорците и мебелот во куќата подоцна биле евидентирани повеќе од 70 дупки од куршуми. јт/

Остани поврзан