• понеделник, 23 декември 2024

Врховниот суд ги одби жалбите на обвинетиот Драги Рашковски

Врховниот суд ги одби жалбите на обвинетиот Драги Рашковски
Скопје, 22 септември 2021 (МИА) - Врховниот суд на денешната јавна седница ги одби како неосновани жалбите на поранешниот генерален секретар на Владата, а сега обвинет Драги Рашковски. -Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 22.09.2021 година по одржана јавна седница по предметот Вкж1.бр.31/2021, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Д.Р. од Струмица, изјавена преку неговиот бранител и на обвинетиот Д.С. од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, а обжаленото решение на Апелациониот суд Скопје, КСЖ.бр.456/21 од 01.09.2021 година го потврди, се наведува во соопштението објавено на веб страната на Врховниот суд. дма/сст/

Остани поврзан