Врнежи од ледени зрна на одделни патни правци, се апелира на зголемена внимателност
- Центарот за управување со кризи вечерва информира дека на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Скопје, 2 јануари 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи вечерва информира дека на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Оттаму апелираат до возачите зголемена внимателност, прилагодување на брзината според условите на патот и одржување на поголемо безбедно растојание и задолжително користење на соодветна зимска опрема. бак/
Фото: МИА архива