• вторник, 25 јуни 2024

Времето сончево и топло, во вечерните часови дожд и грмежи

Времето сончево и топло, во вечерните часови дожд и грмежи

Скопје, 2 јуни 2024 (МИА) - Времето до крајот на денот сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе биде до 31 степен.

Синоптичарите за утре ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град.

- Потоа, во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи, соопштуваат од УХМР. ир/вј

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан