Времен сообраќаен режим утре на булеварот „Киро Глигоров“
- Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје соопшти дека во текот на утрешниот ден (26.03.2023 – недела) на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.
Скопје, 25 март 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје соопшти дека во текот на утрешниот ден (26.03.2023 – недела) на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.
- Времениот режим се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот во периодот од 7 – 19 часот, информираат од претпријатието. сх/лв/
Фото: МИА архива