• петок, 05 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 24 април 2020 (МИА) - Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до четири, а максималната од четири до 20 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 19 степени. Во наредните неколку дена следува период на стабилно и потопло време.

Остани поврзан