• понеделник, 29 април 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени. До средината на следнава седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во втората половина од седмицата во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе се спуштат за неколку степени.

Остани поврзан