• петок, 28 јуни 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 8 до 14, а дневната од  25 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со  слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени. Продолжува периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста, а ќе дува и умерен јужен ветер.

Остани поврзан