• петок, 22 ноември 2024

ВРЕДИ: Нема да дозволиме да се манипулира со креирање лажна перцепција за институционално понижување на Албанците

ВРЕДИ: Нема да дозволиме да се манипулира со креирање лажна перцепција за институционално понижување на Албанците

Скопје, 4 јули 2024 

Лицемерието на Ахмети и Села нема граници. Преку ден нивниот директор на ФЗО во заминување со насмевка ги пречека и се фотографираше со новите директори, а попладне на опозициската ДУИ им текна наводно да се загрижи за меѓуетничката хармонија и Охридскиот рамковен договор. Со други зборови им се плаче што ги напуштаат институциите, ги губат привилегиите и се под закана од ревизија на нивното работење.

ВЛЕН нема да дозволи да се манипулира со креирање лажна перцепција за наводно институционално понижување на Албанците. Наместо да се служат со подбуцнување ДУИ нека и одговори на јавноста зошто му понудија на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да влезат наместо ВЛЕН во неговата Влада со само 4 министерства, без претседател на Собрание и со ветување дека ќе му одработат на локалните избори во 2025 неговите кандидати за градоначалници да победат во Кичево и Струга? Време е за вистината.

ВРЕДИ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан