• сабота, 06 декември 2025

ВРЕДИ за скандирањата: Институциите функционираат, за разлика од времето на ДУИ кога вакви случаи се прикриваа без никаква одговорност

ВРЕДИ за скандирањата: Институциите функционираат, за разлика од времето на ДУИ кога вакви случаи се прикриваа без никаква одговорност

Скопје, 4 август 2025

Настанот во Куманово беше сериозен инцидент, кој ја вознемири целата јавност. ВЛЕН силно го осуди, вели во изјава дадена на прес - конференција портпаролот Дритон Сулејмани, која МИА интегрално ја пренесува.

Но, за разлика од времето кога ДУИ беше дел од власта и ваквите случаи се прикриваа и игнорираа, денес државата реагира брзо, решително и транспарентно.

Јавното обвинителство веќе отвори случај, а Министерството за внатрешни работи води истрага и веќе ги повикува осомничените.
Ова е доказ дека денес институциите функционираат. Денес државата не се крие, не се обидува да го релативизира проблемот и не штити никого.

За разлика од ова, во времето на ДУИ беа прикривани многу потешки случаи на насилство, дискриминација и трагедии, без ниту една оставка и без никаква одговорност:

• Монструм, каде Албанци беа обвинети како терористи без докази;
• Диво Насеље, каде 10 Албанци беа убиени во сомнителна полициска акција;
• Случајот Алфа, монтиран процес со неправедни пресуди;
• Убиството на Харун Алиу, поранешен борец на ОНА, под неразјаснети околности;
• Скопје 2014 – проект без ниту еден албански елемент во срцето на главниот град;
• Споменикот на Цар Душан во центарот на Скопје;
• 27 април, кога албанските пратеници беа тепани во Собранието, без вистинска политичка реакција;
• Модуларната болница во Тетово, каде загинаа невини граѓани – без оставки и одговорност;
• Дурмо Турс и Беса Транс, каде загинаа десетици и десетици Албанци, а ДУИ молчеше и никој не одговараше.

ДУИ денес зборува за патриотизам и достоинство, но ја заборава својата темна историја на молк, сервилност и прикривање на трагедии.
Нашата порака е јасна:
Денес државата не молчи. Денес има реакција, истрага и одговорност. ДУИ треба да престане со празни зборови и да се соочи со вистината за својата дведецениска историја на политички срам.

Дритон Сулејмани портпарол на ВРЕДИ

 

Остани поврзан