ВРЕДИ го поздравува усвојувањето на Предлог-законот за средни училишта на верските заедници
- СООПШТЕНИЕ - Вчерашниот ден беше историски за образованието и за верниците во нашата земја. Со гордост и посветеност, ве информираме дека Владата вчера го усвои предлог-законот за средни училишта на верските заедници, што е исклучително важен чекор со кој конечно се решава долгогодишното и чувствително прашање за учениците од верските училишта во Северна Македонија, а особено за учениците од медресата „Иса Бег“.
Скопје, 16 јули 2025
Вчерашниот ден беше историски за образованието и за верниците во нашата земја. Со гордост и посветеност, ве информираме дека Владата вчера го усвои предлог-законот за средни училишта на верските заедници, што е исклучително важен чекор со кој конечно се решава долгогодишното и чувствително прашање за учениците од верските училишта во Северна Македонија, а особено за учениците од медресата „Иса Бег“.
Овој закон овозможува дипломите од медресата „Иса Бег“ и другите верски училишта да бидат признати и целосно изедначени со оние од кое било друго средно училиште во земјата. По неколку децении тивка дискриминација и недостаток на достојна застапеност, денес овие ученици добиваат целосни права како и секој друг граѓанин. Со овој закон, учениците од ова училиште ќе имаат средно гимназиско образование, дополнето со верски предмети, додека на крајот од своето образование ќе полагаат државна матура, за да можат да се запишат на кој било јавен и приватен факултет во земјата и во странство.
Ова не е само технички чекор, туку е исполнување на моралната обврска и почит кон верата и знаењето што произлегуваат од нашата политичка и животна посветеност. Со овој чекор, ја обновуваме нашата верба во државата, гарантирајќи дека верските средни училишта се составен и почитуван дел од образовниот систем на нашата земја. ВЛЕН не манипулира со религиозните чувства. Ние ја почитуваме секуларната држава, но ги признаваме и почитуваме и религиозните права на секој граѓанин. Овој закон е јасен доказ за нашата посветеност на правдата, еднаквоста и почитувањето на културната и религиозната разновидност во нашата држава. Ова не е само закон, туку е доказ за моќта на нашите вредности, гаранција дека ниедна вера, ниедно чувство и ниедна заедница никогаш повеќе нема да останат во сенка.
Во минатото, ова прашање беше политички злоупотребено од оние кои 20 години го негираа вистинското решение, залажувајќи ги граѓаните со лажни акредитации и градејќи непотребни бариери за нашата младина, но денес, благодарение на силната волја и посветеност на ВЛЕН, им велиме „доста“ на неправдите и ја носиме промената што ја заслужуваме.
Во оваа прилика, би сакал да им се заблагодарам на сите што помогнаа во овој процес: на премиерот Христијан Мицковски, со кого се договоривме заеднички да го спроведеме овој процес, на првиот вицепремиер Изет Меџити, кој го следеше овој процес во секој чекор, на министерката за образование и наука Весна Јаневска, за нејзината коректност и конструктивен пристап кон подготовката на овој закон, додека посебна благодарност упатувам до заменик-министерот за образование и наука, Лулзим Алиу, кој беше ангажиран од ВЛЕН за овој предлог-закон. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на сите други кои учествуваа во изготвување на законот, како и на министрите кои помогнаа во дебатата и поддршката за овој предлог-закон.
Сега, откако помина во Владата, законот оди во Собрание. Притоа ги повикувам сите пратеници да го поддржат овој предлог-закон и да докажат дека се за еднакви образовни права за сите граѓани.
Да продолжиме заедно кон поправедно и посветло општество! Затоа што ВРЕДИ.
ВРЕДИ
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки