• понеделник, 23 декември 2024

Врвот на епидемијата на коронавирусот се очекува во средината на февруари

Врвот на епидемијата на коронавирусот се очекува во средината на февруари
Пекинг, 11 февруари 2020 (МИА) - Пикот на епидемијата во Кина, предизвикана од новиот коронавирус, се очекува во средината на февруари, изјави раководителот на специјалната комисија на Државниот комитет за здравство на Кина, Чжун Наншан.
- Во моментов е тешко да се предвиди пресврт на епидемијата, но најверојатно ќе се случи кон средината на февруари, рече Чжун.
Кинескиот виролог е вклучен меѓу групата медицински лица кои работат на терен во Вухан, жариштето на епидемијата и лекарите кои се подготвуваат да ги заменат во подоцнежната фаза.
Досега од коронавирусот починаа 1.016 лица, а заразени се повеќе од 42.000. паг/
   

Остани поврзан