• понеделник, 23 декември 2024

Враќањето на Премиер лигата може да биде одложено

Враќањето на Премиер лигата може да биде одложено
Лондон, 18 мај 2020 (МИА) - Продолжувањето на англиската Премиер лига можеби нема да се случи на датумот за кој се дискутираше досега, односно 12 јуни. Ричард Мастерс, извршниот директор на првенството ја призна оваа можност. Денес, клубовите во англиската елита одржаа уште една средба, на која беше решено од утре тимовите да започнат со тренинзи во групи, но без контакт. - Се фокусиравме на 12 јуни, но без да се посветиме на тој датум. Ние не го сменивме датумот за стартирање, но треба да бидеме флексибилни во овој поглед. Она што не сакаме да се случи е постојано да го придвижуваме датумот. Но, мора да сме флексибилни и да прифаќаме дека ова е процес на чекор-по-чекор, рече Мастерс. Забелешките на директорот се случија откако многу играчи изразија загриженост за почетокот на првенството, бидејќи тие рекоа дека не е обезбедена потребната безбедност во оваа фаза. - Следната недела ќе разговараме за протоколите за тренинзи со контакти. Откако ќе започнат ваквите активности, ќе имаме разговор со клубовите за тоа колку време е потребно за да се подготват физички пред да започнат да играат. Тогаш ќе бидеме во позиција во која ќе можеме да потврдиме кога ќе започне сезоната, додаде тој.

Остани поврзан