Вработени во затвор во Илиноис заболеле по контакт со непозната супстанца
- Дваесет и двајца вработени во затворот Џон А. Греам во американската сојузна држава Илиноис се хоспитализирани откако биле изложени на „непозната супстанца“, а одреден број затвореници побара
Вашингтон, 20 јануари 2023 (МИА) – Дваесет и двајца вработени во затворот Џон А. Греам во американската сојузна држава Илиноис се хоспитализирани откако биле изложени на „непозната супстанца“, а одреден број затвореници побарале медицинска помош.
– Изгледа дека еден затвореник бил под дејство на непозната супстанца, изјави портпаролот на затворот Андерс Линдол.
Досега 22 вработени завршиле во болница, откако пред два дена му помогнале на затвореник, а потоа почнале да чувствуваат мачнина и вртоглавица. ми/