• сабота, 23 ноември 2024

Вработените во Фејсбук ќе работат од дома до јули следната година

Вработените во Фејсбук ќе работат од дома до јули следната година
Калифорнија, 7 август 2020 (МИА) - Компанијата Фејсбук ќе им овозможи на своите вработени да работат од дома до јули 2021 година поради пандемијата на коронавирусот, соопшти портпаролката на социјалната мрежа. Таа додаде дека Фејсбук ќе им даде на вработените 1.000 долари за работни потреби од дома. Портпаролката на Фејсбук наведува во соопштение  дека компанијата се одлучила на овој потег врз основа на упатства од здравствени и владини експерти, како и на одлуки донесени врз основа на внатрешни дискусии во компанијата. Компанијата објави дека ќе продолжи со отворање канцеларии со ограничен капацитет таму каде што е дозволено според владините упатства и каде слабеењето на вирусот е забележано околу два месеца. паг/

Остани поврзан