• понеделник, 23 декември 2024

Вработените во РТС стапија во штрајк

Вработените во РТС стапија во штрајк

Белград, 1 јуни 2023 (МИА) – Вработените во Радио-Телевизија Србија (РТС) денеска стапија во штрајк, организиран од Синдикатот на РТС „Независност“ и Гранскиот синдикат на вработените во РТС.

Штрајкот почна бидејќи раководството на РТС не одговори во дадениот рок на барањата за подобрување на материјалната и социјалната положба на вработените.

Вработените бараат зголемување на платите, зголемување на сумата за топол оброк и регрес за годишен одмор, потоа „право на достоинствена и безбедна работа во јавниот сервис“, почитување на Колективниот договор и правична и реална систематизација на работни места.

Меѓу барањата се и прием на хонорарни соработници на неопределено време и функционирање на РТС согласно Законот за јавни медиумски услуги. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан