• понеделник, 23 декември 2024

Во 2021 година собрани 632.087 тони комунален отпад

Во 2021 година собрани 632.087 тони комунален отпад
Скопје, 21 април 2022 (МИА) - Во земјава лани вкупно се собрани 632.087 тони комунален отпад што е зголемување за 0,3 отсто во споредба со  2020 година. Од собраниот отпад дури 99,8 отсто е исфрлен на депонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 176.917 тони или 28 отсто од вкупното собрано количество. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 528.261 тон или 84 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 16 отсто се комерцијален отпад од правни и физички лица. Најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 522.914 тони или 82,7 отсто, а најмало количество има отпадот од гума – 1.598 тони или 0,3 отсто од вкупното количество собран комунален отпад. Вкупното количество на создаден комунален отпад во 2021 година изнесува 896.066 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2021 година изнесува 452 килограми, исто како и во 2020 година. вј/сп/

Остани поврзан