• понеделник, 04 ноември 2024

Во јуни 71,4 проценти од потрошената струја од домашни извори

Во јуни 71,4 проценти од потрошената струја од домашни извори
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Во државава во јуни годинава вкупно се потрошени 521 750 мегават часови електрична енергија, 3.139 милиони нормални кубни метри природен гас, 436 990 тони јаглен и 97 452 тони нафтени продукти. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, 71,4 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија. Во првите седум месеци од годинава АД ЕСМ произведе 2 194 гигават часови електрична енергија што е за 15 проценти повеќе од лани, а зголемувањето на производството, според  соопштението од компанијата, се должи, пред се, на зголеменото производство во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј за 40 проценти. Владата, според најавите, денеска треба да прогласи кризна состојба во енергетиката. Претходно донесе мерки што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто, а ќе стапат во сила од 1. следниот месец. лв/сп/

Остани поврзан