• сабота, 09 ноември 2024

Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 проценти помалку во однос на истиот месец лани

Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 проценти помалку во однос на истиот месец лани

Скопје, 14 септември 2023 (МИА) - Во јули годинава се издадени 280 одобренија за градење, што е за 33,6  проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 73, по што следуваат Источниот, 44, Полошкиот 41, Вардарскиот 34, Пелагонискиот, 30, ... Североисточниот регион е со најмал број на одобренија за градење и таму се издадени девет, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Според издадените одобренија за градење во јули годинава, предвидената вредност на објектите изнесува 4 147 120 000 денари, што е за 33,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 134 (47,8  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 89 (31,8  проценти) од нискоградба и 57 (20,4  проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 280 објекти, на 139 (49.6  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 141 (50.4  проценти) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 25 615 метри квадратни. лв/нд/

Остани поврзан