Во Јужна Кореја првпат родени близнаци од расата џиновска панда
- Женките се родиле во петокот, а забавниот парк објави и видеоснимки на својот интернет-простор.
![Во Јужна Кореја првпат родени близнаци од расата џиновска панда](https://new.mia.mk/images/20230711120348_big_730x400_15.webp )
Сеул, 11 јули 2023 (МИА) - Во Јужна Кореја првпат се родија близнаци од расата џиновска панда, соопшти денеска Зоолошка градина „Еверленд“ што се наоѓа близу главниот град Сеул.
Женките се родиле во петокот, а забавниот парк објави и видеоснимки на својот интернет-простор. Новородените единки тежат 180 грама и 140 грама - втората, родена речиси два часа подоцна. си/рп/
Фото: Фејсбук