• понеделник, 23 декември 2024

Во Јужен Судан уапсени шест новинари поради снимка на кој се гледа дека претседателот Мајардир се помокрил

Во Јужен Судан уапсени шест новинари поради снимка на кој се гледа дека претседателот Мајардир се помокрил

Џуба, 7 јануари 2023 (МИА) – Шест новинари се приведени во Јужен Судан откако се појави видео-снимка на која се гледа како претседателот Салва Кир Мајардит се помокрил на официјален настан, соопшти денеска Националниот синдикат на новинари.

Видеото снимено декември, покажува темна дамка, што се шири низ сивите панталони на 71-годишниот претседател додека мирно стои за време на националната химна по повод пуштањето во употреба на новоизградениот пат. Снимката не беше емитувана на телевизија, но беше споделена на социјалните мрежи.

– Новинарите, кои работат за државната радиодифузна корпорација Јужен Судан, беа приведени на 3 и 4 јануари. Тие се осомничени дека биле свесни за тоа дека видеото ќе добие публицитет, изјави претседателот на Синдикатот на новинари во Јужен Судан, Патрик Ојет.

Мајардит е претседател откако Јужен Судан се стекна со независност во 2011 година. Владините претставници постојано ги негираа гласините на социјалните мрежи дека тој не е во добра здравствена состојба.

– Инцидентот е дел од шемата што ја користат безбедносните службеници за да прибегнуваат кон произволно притворање доколку се оцени дека медиумското покривање не ги прикажува функционерите во добро светло, наведе претставникот на Комитетот за заштита на новинарите за Субсахарска Африка, Мутоки Мумо. ми/

Остани поврзан