• петок, 22 ноември 2024

Во Југоисточниот регион ќе се постават 20 брзи полначи за електрични возила

Во Југоисточниот регион ќе се постават 20 брзи полначи за електрични возила

Струмица, 15 јануари 2024 (МИА) - Во тек е јавна набавка за изработка на техничка документација за поставување на 20 брзи полначи за електрични возила, информираше директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев.

Според него, ќе се постават по два полнача на 10 локации за да може истовремено да се полнат по две електрични возила.

-Се надевам дека ќе добиеме квалитетна техничка документација за да го реализираме овој проект заедно со УНДП. Целта на проектот е да обезбеди детална техничка документација за успешно поставување на 20 станици за полнење на електрични возилa во сите 10 општини во Југоисточниот плански регион со фокус на привлекување што повеќе туристи во регионот за да стане атрактивен за туристите кои го заобиколуваат нашиот крај, рече Камчев.

Центарот бил најдобро пласиран при поднесувањето на техничката документација која била предмет на повикот на УНДП и Шведската агенција СИДА, а во овие активности се вклучени Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој. рт/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан