• понеделник, 23 декември 2024

Во Јапонија нови правила за искачување на планината Фуџи

Во Јапонија нови правила за искачување на планината Фуџи

Токио, 20 мај 2024 (МИА) - Властите во Јапонија воведоа нови правила за туристите кои се искачуваат на планината Фуџи во обид да го ограничат нивниот број.

Се воведе плаќањето на нов, посебен данок и намален е бројот на луѓе кои можат да се искачуваат на познатиот вулкан во текот на денот, а сето тоа поради преголемиот туризам и загадувањето на животната средина.

Префектурата Јаманаши денеска објави дека вовела нови правила за претстојната сезона на качување, која ќе трае од 1 јули до 10 септември, за оние кои сакаат да се искачат на планината висока 3.776 метри.

Фуџи беше вклучен во светското културно наследство на УНЕСКО во 2013 година.

Само 4.000 луѓе ќе можат да се искачуваат дневно, 3.000 билети ќе бидат достапни за онлајн резервација за плаќање од 2.000 јени (околу 16 евра), а останатите 1.000 билети ќе бидат достапни за купување на денот на искачувањето.

Алпинистите ќе можат да ги резервираат своите места преку официјалната веб-страница на планината, која заеднички ја водат Министерството за животна средина и двете матични префектури на планината Фуџи, Јаманаши и Шизуока.

Бројот на луѓе кои се искачиле на планината Фуџи во 2023 година бил 221.322, покажуваат податоците на Министерството за животна средина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан