• петок, 22 ноември 2024

Во Штип регионална средба за практичната настава во средното стручно образование

Во Штип регионална средба за практичната настава во средното стручно образование

Штип, 31 мај 2023 (МИА) - Шеест и девет проценти од средношколците во прва година се запишани во средните стручни училишта, истакна директорот на Центарот за стручно образование обука Шериф Мифтари на денешната регионална средба на средните стручни училишта, која се одржа во СОУ „Коле Нехтенин“-Штип.

-Во  учебната 2021-2022 година имаше само 64 отсто, а сега 2022-2023 имаме 69 отсто од учениците кои се запишани во средни училишта, што значи еден голем број и бројот на ученици расте од година во година. Тоа е благодарение на фирмите, на кампањата од МОН, Стопанските комори и сите образовни институции, вели Мифтари.

Учење едни од други и споделување на успешни приказни беше целта на денешната регионална средба, чиј домаќин беше СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип.

Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“ Јованка Шалева вели дека со практичната настава се опфатени ученици од трета и четврта година, кои во текот на учебната година еден ден одеа на практична настава во одредена компанија, каде теоретски наученото го применувале практично. Посочува дека резултатите допрва ќе се видат, а учениците со работа ќе продолжат и во летниот период.

-Тоа е во рамките на оној концепт на Министерството за образование и наука со којшто се дава голем акцент на учењето преку работа кај работодавач, односно спојување на теоретските со практични знаења, нешто што го движи нашето општество напред и што е иднина на нашето образование. Позитивните примери од сето ова ќе ги видиме допрва, бидејќи ова е прва година кога нашите ученици ја реализираат практичната настава правилно. Во текот на летниот период ќе продолжиме со филијална практика во истите фирми. Некои од нив веќе добиваат понуда за платена работа преку летниот период, догодина ќе започнеме со дуалното образование, вели Шалева.

Во проектот е вклучена и австриската Агенција, од каде регионалната кооридинаторка посочува дека во однос на овој проект соработката трае пет години. Акцентот е спојување на училиштата и бизнис секторот, а се спроведува и во Албанија и Косово.

-Во Австрија стручното оспособување и образование претставува многу важен избор за младите. Повеќе од 70 отсто од младите во Австрија се вклучени во стручното оспособување и образование, што е процент, како што видов денес, блиску до процентот на вклученост во Македонија, истакна Магдалена Коминчини, регионален координатор на австриската Агенција за национализација.

Учесниците кои на работилницата ги споделија своите успешни приказни имаа можност да посетат и две компании. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан