• понеделник, 23 декември 2024

Во Штип презентирани резултатите од завршената реконструкција и доградба на Домот за стари лица во Берово

Во Штип презентирани резултатите од завршената реконструкција и доградба на Домот за стари лица во Берово
Штип, 2 април 2021 (МИА) - Успешно е реализирана доградбата и реконструкцијата на Домот за стари лица во Берово, истакна на денешната четврта форумска сесија во Штип, директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР), Зуица Ангелова. Проектот е реализиран со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. Во овој проект се инвестирани над седум милиони денари, а досега со финансиска помош на Швајцарската агенција за развој и соработка се реализирани четири проекти во Брегалничкиот регион и се инвестирани 20 милиони денари. Во Домот за стари лица во Берово, кој е и единствен ваков згрижувачки објект во Брегалничкиот регион, со реконструкцијата и доградбата капацитетот се зголемува за прием на уште 10 стари лица, со што вкупниот капацитет сега е 39. Директорката на Домот за стари лица во Берово, која учествуваше на денешната форумска сесија во Штип рече дека со зголемувањето на капацитетот се очекува вработување на уште десет лица. вдј/аа/

Остани поврзан