Во Штип одбележана Неделата на италијанскиот јазик
- Студентите од Филолошкиот факултет катедрата за италијански јазик, Техношолко-техничкиот факултет, како и од Музичката и Ликовна Академија денеска учествуваа на настан во рамки на Неделата н
![Во Штип одбележана Неделата на италијанскиот јазик](https://new.mia.mk/images/20221114011612_big_730x400_66.webp )
Штип, 21 октомври 2022 (МИА) - Студентите од Филолошкиот факултет катедрата за италијански јазик, Техношолко-техничкиот факултет, како и од Музичката и Ликовна Академија денеска учествуваа на настан во рамки на Неделата на италијанскиот јазик во светот насловен „Младите и Италија-една инспирација, многу приказни“.
![Недела на италијанскиот јазик](/articles/images/%d0%b2%d0%be-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d/rOk7K3X2r/placeholder.webp?use_watermark=0)
Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри истакна дека ова е 22. издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот, а студентите од два факултети и две академии на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип беа инспирирани од Италија и создадоа многу приказни.
-Студентите црпеа инспирација од Италија, културата и јазикот, кој се разбира е мост меѓу различните култури, вели Силвестри.
Прашан во која насока ќе се продлабочува соработката со штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Силвестри со одговор дека соработката трае многу години.
-Навистина сум задоволен што во Штип се изучува италијанскиот јазик и морам да ги пофалам професорките од катедрата за италијански јазик и книжевност, кои се многу активни и секоја година ги организираат настаните поврзани со неделата на италијанскиот јазик, рече Силвестри.
![Штип изложна Италијански јазик](/articles/images/%d0%b2%d0%be-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d/iZ4oOqVW8/placeholder.webp?use_watermark=0)
Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски посочи дека оваа соработка е исклучително значајна за студентите, на кои им се нуди и можност за размена на студенти, но и да го продолжат своето студирање во Италија.
Студентите од катедрата за италијански јазик читаа песни на италијански јазик од млади автори, своите модни креации ги претставија студентите од Техничко – технолошкиот факултет, потоа студентите од Академијата за ликовна уметност ги претставија своите слики, а од музичката ги презентираа музичките дела на големите италијански композитори. вдј/ев/