• вторник, 24 декември 2024

Во штипската библиотека почна зимската школа за учениците

Во штипската библиотека почна зимската школа за учениците

Штип, 11 јануари 2024 (МИА) - Во Националната универзитетска установа библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“ се реализираат едукативни работилници и активности преку кои децата се учат да другаруваат, да се забавуваат, учат за лојалност, емпатија, простување, бон-тон однесување.

Директорот на НУУБ „Гоце Делчев“-Штип Тамер Јамаковски вели дека почна зимската школа за децата од основните училишта. Школата ќе трае три дена, а традиционално се одржува секоја година. Годинава околу 30 дечиња се дел од зимската школа.

-Традиционално како и секоја година и овој зимски распуст библиотеката „Гоце Делчев“ Штип ја организира зимската школа. Преку едукативни работилници и разноразни активности во кои ќе бидат вклучени дечиња од прво до деветто одделение кои ќе бидат едуцирани и интегрирани во начинот на доброто однесување, запознавање, другарство, бон-тон и слично, вели Јамаковски.

Бон-тон однесувањето е најинтересно за децата кои се дел од зимската школа. Задоволни се, бидејќи велат и за време на зимскиот распуст другаруваат, се забавауваат и учат нови работи. Реализацијата на зимската школа дава големи резултати и има позитивни придобивки за децата кои се на распуст. Освен зимска се организира и летна школа.    

- Посебно е важно во овој период кога се воннаставни активности да ги здружиме дечињата, да ги запознаеме со тоа што поседува библиотеката за најмладите, да ги едуцираме и слично, рече Јамаковски.

Зимската школа е во организација на штипската библиотека, а во соработка со Американското катче. вдј/мд/

Фото: МИА

                                   

Остани поврзан