• сабота, 21 декември 2024

Во Шпанија откриена работилница за лажни евра пласирани на пазарот, вклучително и Албанија

Во Шпанија откриена работилница за лажни евра пласирани на пазарот, вклучително и Албанија
Тирана, 8 октомври 2022(МИА) -  Во Шпанија е разбиена криминална група која фалсификувала евра при што постојат основи на сомнение дека мрежата се проширила и во Албанија и други земји на Балканот, јави дописничката на МИА од Тирана.
- Според истрагите, оваа група за помалку од три месеци испечатила осум милиони лажни евра во апоени од по 500 евра, пренесува весникот „Шќиптарја".
Истиот извор објавува и фотографии од запленетите пари и машините пронајдени во работилница во регионот на Каталонија.
Шпанската полиција уапсила  12 лица, додека полицијата успеала да заплени 4,3 милиони евра, а остатокот е пуштен на пазарот.
Според Европол, оваа група дистрибуирала лажни пари низ Европа и балканските земји, а контроли за лоцирање или спречување пуштање на лажни пари на пазарот се вршат и во Албанија. вт/паг/

Остани поврзан