• среда, 27 ноември 2024

Во Шпанија оддадена почест за жртвите на коронавирусот

Во Шпанија оддадена почест за жртвите на коронавирусот
Мадрид, 27 мај 2020 (МИА) - Во Шпанија, денеска точно на пладне, со едноминутно молчење беше оддадена почест на жртвите од коронавирусот. На првиот ден од 10-дневната жалост, граѓаните оддадоа почит на жртвите и од автомобилите, кои застанаа на улиците, пренесува Си-Ен-Ен. За време на минутното молчење, членовите на Парламентот ја прекинаа седницата, а членовите на кралското семејство излегоа пред палатата Зарзуела. Како знак на тага, некои граѓани на улиците носеа црна облека или црни маски на лицето. Десетдневната жалост започна денеска и ќе трае до 5 јуни. Тоа е најдолгата жалост по смртта на диктаторот на Франција Франко во 1975 година. паг/  

Остани поврзан