• недела, 22 декември 2024

Во шесте општини во струмичко и радовишко пријавени се за гласање 1.348 болни и изнемоштени лица

Во шесте општини во струмичко и радовишко пријавени се за гласање 1.348 болни и изнемоштени лица
Струмица, 10 октомври 2021 (МИА) - Во шесте општини во струмичко-радовишкиот регион за гласање на претстојните локални избори се пријавени вкупно 1.348 болни и изнемоштени лица. Најмногу се пријавени во Општина Ново Село-390, потоа во Струмица-332, Босилово-232, Василево-231, Радовиш-125 и во Конче-38 избирачи. Тие своето избирачко право ќе го остварат на 16 октомври, ден пред гласањето за локалните избори. Пријавувањето на болните и изнемоштените лица заврши синоќа во 24 часот, а според информациите од Општинските изборни комисии денес до пладне траеја проверките по што списоците ќе ги предадат во ДИК. рт/мс/

Остани поврзан