• среда, 08 јануари 2025

Во Шведска произведен првиот безфосилен челик во светот

Во Шведска произведен првиот безфосилен челик во светот
Стокхолм, 20 август 2021 (МИА) - Шведската компанија С САБ произведе прв безфосилен челик во светот и го испорача до првиот купувач, Волво групацијата. Првиот безфосилниот челик е произведен со употреба на 100 проценти водород наместо со јаглен и кокс. - Првиот безфосилен челик во светот не е само голем чекорт за С САБ, туку претставува доказ дека е можно да се изврши транзиција и значително да се намали јаглеродниот отисок во челичната индустирија, изјави извршниот директор на компанијата Мартин Линдквист. Според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), при производство на железо и челик годишно се емитуваат 2,6 гигатони јаглерод. Во 2019 година, таа бројка беше повисока од количината на директни емисии на штетни гасови при производството на цемент и од хемиската индустрија. ми/

Остани поврзан