• вторник, 14 април 2026

Во четвртфиналните натпревари од ЛШ ефективно се играше помалку од еден час фудбал

Во четвртфиналните натпревари од ЛШ ефективно се играше помалку од еден час фудбал

Нион, 13 април 2026 (МИА) – Ефективното време на играње во првите четири натпревари од фудбаската Лига на шампионите се играше од речиси 57 минути до 61 минута - во просек од 59 минути и 33 секунди. 

Генерално, ова е пристојно време. На Светското првенство во 2022 година топката беше во игра во просек од 59 минути и 28 секунди. 

За споредба, во англиската Премиер лига, највисокото просечно време на играње е забележано во сезоната 2023/24 (58 минути и 11 секунди). Една година подоцна, времето се намали на 56 минути и 59 секунди, а на есен оваа сезона беше приближно 55 минути и 5 секунди.

Најмногу ефективен фудбал на натпреварите од Лигата на шампионите одиграни на 7 и 8 април е забележан на средбата Барселона – Атлетико Мадрид 0:2 – 61 минута и 8 секунди.

На другите натпревари:

Спортинг – Арсенал 0:1 (60'19”)

ПСЖ – Ливерпул 2:0 (59'59”)

Реал Мадрид – Баерн Минхен 1:2 (56'46”). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан