• петок, 05 јули 2024

Во Црна Гора уапсена Русинка поради ширење лажни вести за коронавирусот

Во Црна Гора уапсена Русинка поради ширење лажни вести за коронавирусот
Подгорица, 23 март 2020 (МИА) - Под сомнение за сторено кривично дело - ширење паника за коронавирусот, црногорската полиција во Тиват ја упасила А.Г (35) од Русија. - Таа на профилот на една социјална мрежа објавила дека во Црна Гора со коронавирусот се заразени околу илајда луѓе, починале шестмина, и оти Црна Гора ја чека сценарио како во Италија, соопшти полициската управа. Освен тоа, уапсената во објавата напишала дека целиот персонал на хотелот „Авала„ е заразен со коронавирусот и е хоспитализиран. Упасената ќе биде изведена пред надлежен обвинител во Котор. јт/

Остани поврзан