• вторник, 13 август 2024

Во Црна Гора странските инвеститори не се откажуваат од планираните проекти

Во Црна Гора странските инвеститори не се откажуваат од планираните проекти
Подгорица, 17 декември 2020 (МИА)  - Странските инвеститори немаат намера да се откажат од планираните инвестиции во Црна Гора и сметаат дека црногорската економија е привлечна и има силен потенцијал за раст, се вели во петтото издание на Водичот за Советот на странски инвеститори,  објавен и на англиски јазик. Водичот е објавен во соработка со регионалниот издавач Алијанс Интернешнл Медиа (АИМ), пишува подгоричка Побједа. Во публикацијата, членовите на Советот на странски инвеститори го проценуваат деловното опкружување и инвестициското опкружување во земјата и посочуваат области каде е потребна поинтензивна работа. Нагласено е дека новата влада, заедно со предизвиците создадени од здравствената криза, ќе се соочи со други барања, кои треба да бидат исполнети во наредниот период. Меѓу нив се владеењето на правото, предвидливо деловно опкружување кое вклучува транспарентност на сите административни активности, намалување на корупцијата и зајакнување на контролата врз судирот на интереси. Оваа листа вклучува и подобрувања во судскиот систем и сузбивање на сивата економија. Покрај тоа, постои дигитална трансформација која, како што вели практиката, има силен простор за подобрување, почнувајќи од е-влада. паг/

Остани поврзан