• понеделник, 23 декември 2024

Во Херцег Нови 92 проценти помалку туристи

Во Херцег Нови 92 проценти помалку туристи
Подгорица, 8 август 2020 (МИА) - Во Херцег Нови престојуваат околу 3.300 туристи, што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период лани. Според податоците на Туристичката организација на Херцег Нови, од вкупниот број туристи има 2.570 странци и 733 домашни гости, пренесува РТЦГ. Во домаќинствата има 2.330 гости и 974 во хотели. Нема регистрирани туристи во авто камповите и во хостелите. паг/

Остани поврзан