• сабота, 23 ноември 2024

Во Франција на интензивна нега има над 5.700 пациенти

Во Франција на интензивна нега има над 5.700 пациенти
Париз, 7 април 2021 (МИА) - Бројот на пациенти со Ковид -19 во единиците за интензивна нега во Франција е зголемен за 103, достигнувајќи рекордна бројка од 5.729 годинава, соопшти француското Министерство за здравство. Бројот на пациенти со Ковид-19 во единиците за интензивна нега се зголеми за 13,4 проценти во споредба со претходната недела. Ова е најголемото неделно зголемување од 13 ноември. паг/

Остани поврзан