• среда, 04 февруари 2026

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете

Париз, 3 февруари 2026 (МИА) – Во Франција обвинети се десет мажи за силување на петгодишно момче. Детето било силувано со помош на неговиот татко, кој исто така учествувал во насилството, соопшти Обвинителството во Лил.

Обвинетите се на возраст од 29 до 50 години. Истрагата против нив почна на 15 февруари 2025 година, а злосторството врз детето било вршено во периодот од ноември 2024 до февруари 2025 година. Тие користеле дроги за зголемување на сексуалното задоволство, а во исто време го дрогирале и детето.

Максималната казна што може да им се изрече на силувачите во овој случај е доживотен затвор. Еден од силувачи извршил самоубиство минатото лето додека бил во притвор.

Таткото на детето е обвинет за инцест и за соучество во силување. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан