• петок, 05 декември 2025

Во Фландрија прогласен „портокалово“ метео аларм за силен ветер 

Во Фландрија прогласен „портокалово“ метео аларм за силен ветер 

Брисел, 23 октомври 2023 (МИА) – Белгискиот Кралскиот метеоролошки институт прогласи „портокалово“ ниво на опасност од силен ветер во поголемиот дел од регионот Фландрија, вклучително и во нејзиниот главен град Антверпен.  

Според Институтот, се очекува попладнево регионот да го зафати силен ветер со брзина до 100 километри на час, кој во крајбрежните делови би можел да достигне и до 120 километри на час. 

Предупредувањето следи откако минатата ноќ поголемиот дел од Белгија беше зафатен од силен дожд, поради што во земјата е прогласено и „жолто“ ниво на опасност од врнежи. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан