• вторник, 19 ноември 2024

Во училиштата во Србија учеле 250 ученици со статус на бегалци, од кои 82 биле од Украина

Во училиштата во Србија учеле 250 ученици со статус на бегалци, од кои 82 биле од Украина

Белград, 1 август 2023 (МИА) -  Во претходната учебна година во основните и средните училишта во Србија учеле 250 ученици со статус на бегалец, од кои 82 ученика од Украина.
Како што соопшти Министерството за образование за телевизијата Н1, во учебната 2022/23 година, во основните училишта имало 70 ученици бегалци од Украина, во средните училишта 11, додека едно дете посетувало подготвителна предучилишна програма.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, на 24 февруари 2022 година, се проценува дека пет милиони граѓани ја напуштиле земјата.

Според проценките на републичкиот комесар за миграција, повеќе од 50.000 украински бегалци поминале низ Србија во првите неколку месеци од почетокот на војната, а над 10.000 од нив останале во Србија. зш/

Остани поврзан